Македонија му дадде 51 гол на Косово

МАКЕДОНИЈА - КОСОВО  51-29 (21-11)
Македонија:
Брестовац, Галевски, Михајловиќ 4, Тотиќ 2, Тодески 2, Белистојаноски 10, Иваноски 3, Стојменов 1, Карасманакис 1, Петковски 4, Д. Узунчев 8, Т. Узунчев 4, Шулески 2, Илиески 4, А. Стојановски 3, М. Стојановски 5




Репрезентацијата на Македонија убедливо го совлада тимот на Косово во второто коло од ЕХФ Шампионатот што се игра во Варна. 
Македонската репрезентација доминираше од првиот момент, поведе 5-1, имаше водство од 8-3, а до крајот на полувремето разликата стана двоцифрена (21-11).

Во истиот стил се играше и во второто полувреме, а разниоликоста на бројот на стрелците е податок што покажува дека колективноста беше посилната страна на нашата екипа, што во секој случај ќе биде добредојено на следните два меча на кои ќе се бориме за пласман во полуфиналето.





Украина, со која вчера игравме нерешено (23-23), денеска беше прегазена од репрезентацијата на Швајцарија со 10 гола разлика.
Ова покажува дека за пласман во полуфиналето ќе се бориме со репрезентациите на Швајцарија која е и прв фаворит за освојување на турнирот и Романија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk