Конго доби засилувања од Вардар

Денеска стартуваше Афрканското првенство. Прв меч судеа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Им судеа на Конго и Сенегал. И имаа што да видат. 



Конго го совлада Сенегал 31-26 (14-15) на првиот ден од шампионатот на Африка од каде се обезбедува пласман на СП 2023 Полска и Шведска.
Победничкиот тим покрај легендарниот Готје Мвумби имаше на јавноста да и покаже уште нешто ново. 

Поранешните репрезентативци на Франција и довчера ракометари на Вардар, Оливие Њокас и Кевин Њокас сега се натурализирани и играат за репрезентацијата на Конго!
Двајцата постигнаа по три гола на својот дебитански меч за новата татковина. 

Ако не знаевте:  Целото име Оливие Њокас е (Guy Olivier Massaca Nyokas Zalamou) а на Кевин  е (Alix Kévynn Manouana Nyokas Zalamou). Родени се во Франција, но по потекло се од Конго. Нивното играње за Конго е дел од платформата „Ракометно Обединета Африка“ (Africa Hand United) и дел од француско-конгоанската соработка. Договорот е постигнат уште во мај 2020 година.



Њокаси во Македонија дојдоа лани на почетокот на сезоната во Металург. По кратко откако играа за некогашниот шесткратен првак само на турнирот во Струга, се преселија во Вардар. Тука ја одиграа официјално сезоната, по што заминаа за Ал Најма од Бахреин со која играа на два шампионати на Азија. 
Следната станица им е Каиро и настап за Конго и мошне веројатно ќе ги видиме и на Светското првенство во Полска и Шведска. Нема да бидат во група со Македонија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk