Начевски и Николов ќе му судат на Мвумби со Конго

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов како единствен судиски пар од Европа, денеска ќе дебитираат на Африканското првенство што се одржува во Египет. 



Африканското првенство по кое ќе ги добиеме и последните учесници на Светското првенство што во јануари ќе се игра во Полска и Шведска почнува денеска. Македонска судиска двојка е номинирана да дели правда на овие натпревари и ќе биде единствената од Европа на ова првенство. 
Сатисфакција и признание во секој случај е ваквата номинација, а првите африкански репрезентации со кои ќе си имаат работа на овој шампионат се селекциите на Конго и Сенегал. 

Ќе си дозволиме да кажеме дека тоа ќе биде и за нив ново искуство, со оглед на тоа дека Сенегал не се наоѓа лесно на ракометната мапа. Што се однесува до Конго, тие станаа хит на претходниот мундијал благодарение пред се на физичките предиспозиции на нивниот пикер Готје Мвумби кој изгради светска слава благодарение на изгледот, а и статистички воопшто не беше лош, напротив. 



 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @gauthiermvumbi

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk