Опериран Сагосен, Периќ јуниор во Звезда, збогум од Часар...

Сандер Сагосен е по втор пат успешно опериран и докторите сега очекуваат тој да биде способен да се врати на терен за пет до шест месеци. 
Шест месеци пауза, значи дека Сагосен би се вратил точно за стартот на Светското првенство во Шведска и Полска, каде што Норвешка е во група со Македонија и уште игра со нас во првото коло. 
Постои шанса Сагосен да дебитира против Македонија, но не би се обложиле дека ќе го видиме на терен на 13 јануари. 



Еден од најдобрите унгарски ракометари во последната деценија, Габор Часар ја прекинува кариерата и по осум години мината во Швајцарија, се враќа во Унгарија и ќе биде спортски директор на Цеглед. 
Поранешниот бек на ПСЖ за ваков потег се реши затоа што не можеше да се врати на терен по повредата. 

Барса го претстави и третото скандинавско засилување за следната сезона. По крилото Хампус Ване и голманот Емил Нилсен, во редовите на европскиот шампион доаѓа  шведскиот бек Јонатан Карлсбогард. 

Црвена Звезда потпиша договор со 19 годишниот Никола Периќ. Овој ракометар е син на Дејан Периќ, поранешниот голман, селектор на Србија, тренер на голмани на Вардар и во моментов тренер на голмани во Берлин. Никола Периќ, пак, е дел од М20 репрезентацијата на Србија што игра на ЕХФ Еуро во Португалија. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk