Втора задача за Николовски и Металари на ЕП

Македонската судиска двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски откако го судеа мечот Ц. Гора против Хрватска, денеска на М20 ЕП добиваат нова задача. 



Натпреварот што може да реши која екипа ќе испадне од ЕХФ Еуро во следниот циклус, дуелот меѓу Полска и Норвешка ќе биде вториот предизвик за македонскиот судиски пар Николовски - Металари. 

Нашите судии завршија добра работа на првиот меч, сега добиваат натпревар со поголема тежина. Со оглед на тоа дека Норвешка и Полска ќе не се пласираа во главната рунда, нивниот денешен меч ќе се брои и во групата за опстанок, каде што ќе вкрстат со екипите што ќе завршат на 3 и 4 место од групата „Б“. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk