Денеска дуели за пласман и за мерак

Португалија и Шпанија обезбедија пласман во следната рунда на натпревари на М20 ЕП. Денеска играат меѓусебе. Единствена можност да се види вонсериското португалско трио Мартим Кошта - Андре Соуса - Франциско Кошта како ќе се снајде против шпанскиот систем. 
Шпанците на овој шампионат уште еднаш и тоа на најубав начин демонстрираат што значи играњето во систем од најмлади категории и како може еден тим во кој нема ѕвездени имиња да игра колектив и да ги победува со леснотија силните ривали. 
Во оваа група се и Норвешка и Полска. Поразениот од ово меч би можел лесно да стане противник на Македонија во квалификациите за М21 СП 2023, доколку успееме да го освоиме ЕХФ Шампионатот во Варна. 
Шпанија и Португалија играат од 20:30 часот, Полска и Норвешка од 18:00.



Хаосот во групата „Б“ каде што сите екипи имаат по една победа и пораз ќе биде расчистен денеска откако Унгарија ќе се сретне со Ф. Острови (13:00), а Данска со Словенија (15:30). Унгарија има шанси да го испрати Ф. Острови на последното место, првенствено затоа што нивниот прв играч Елијас а Скипаготу се повреди на првиот меч. Данска, пак, по поразот од Ф. Острови би можела низ иглените уши да мине во главната рунда. 

На рангот на Португалија и Шпанија на овој шампионат игра и екипата на Шведска во групата „Ц“. Имаат две победи и гол разлика што им обезбедува пласман во следна рунда и со пораз од 11 гола против Хрватска (13:00ч) . Што се однесува до Хрватите, тие можат до главна рунда со каква и да е победа над Шведска. 
Франција го чека исходот од овој дуел, а Црна Гора е отпишана, освен ако не ја победи Франција со три гола разлика, а Хрватска да загуби од Шведска. Франција и Ц. Гора играат од 15:30 часот. 

На Србија и е доволно и реми со Италија за да верификува пласман во главната рунда (20:30ч). Германија со победа над Исланд (18:00ч) исто така би одела во главната фаза. Шанси имаат и Италија, па и Исланд, но премногу комбинаторики има за објаснување како би се извело тоа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk