Игор Вори ќе води германски клуб

Игор Вори, познатиот хрватски пивот, одново ја прекинува кариерата и се враќа во улога на тренер. 



Игор Вори во 2018 година ја прекина играчката кариера, а во 2020 година почна тренерска кариера во ППД Загреб и тоа како замена за Веселин Вујовиќ. 
Тренерлукот во ППД Загреб траеше точно четири месеци и девет дена, а потоа беше заменет. Пет месеци подоцна доби нова тренерска улога, стана селектор на М21 репрезентацијата на Хрватска. 

Годинава, Вори доби покана што не се одбива, а таа стигна од Фуксе Берлин. Нив им требаше ракометар што нема настап годинава за да може да игра како привремена замена. Повторно го облече дресот, ја доигра сезоната и сега се враќа на тренерскиот занает.
Гросвалштат, екипа што кон крајот на седумдесеттите беше во европскиот врв е неговата следна дестинација. Ќе биде тренер на овој клуб во следните две години. 

Ако не знаевте: Игор Вори стана европски првак со Хамбург во 2013 година, беше светски и олимписки шампион со Хрватска, а има шампионски пехари и од првенствата на Германија, Франција, Шпанија, Хрватска и Италија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk