Женскиот тим го разби Алжир за прва победа на МИ

АЛЖИР - МАКЕДОНИЈА  23-31 (12-18)
Македонија: Јовановска, Чурлиновска, Марија Јанкуловска 2, Дукоска 8, Бојана Коцева 1, Кипријановска 4, Седлоска, Ризоска 4, Коловска 2, Џатевска 1, Ангела Јанкуловска, Миновска 5, Арсениевска, Стефановска, Борјана Коцева 4, Младеновска


Женската репрезентација на Македонија го освои седмото место на ракометниот турнир на Медитеранските игри во Оран. На последниот натпревар одигран во Оран, Македонија го совлада домашниот Алжир, убедливо, и им го остави фенерот на домашните. 

Денеска домашната екипа водеше во првите 13 минути од мечот (7-6), а потоа македонската селекција го презема водството, поведе 11-9, а во финишот од 13-12, со серија од 5-0 стигна до 18-12 на полувреме. 

Македонија доминираше на почетокот на вториот дел, а серијата што почна при резултат 13-12 заврши со водство 23-12, односно 10-0 направија македонските ракометарки пред противникот да постигне гол. 
Македонија водеше и 26-17 пред Алжир со 3-0 да намали на 20-26. 

Конечно, Македонија запиша победа 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk