Барса го претстави новото крило

По девет години минати во дресот на Флензбург, шведското крило Хампус Ване заминува од Германија и кариерата ќе ја продолжи во редовите на европскиот шампион Барса. 


Хампус Ване во Флензбург дојде како 19 годишен тинејџер од редовите на екипата на Онеред. Низ годините прерасна во врвен играч, вреден за европски првак и прашање на ден бепе кога ќе биде официјалзиирано неговото заминување од Флензбург. 

Всушност, за неговото заминување се знаеше толку долго што Флензбург имаше доволно време не само да најде замена, туку и целосно да го воигра новиот играч. Тоа е данската надеж Емил Јакобсен кој веќе комплетираше една сезона во редовите на германскиот тим. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk