Што се случи со моќната Куба?

САД е победник на квалификациите на Северна Америка и Кариби. Американците беа први во конкуренција со Гренланд, Куба и Мексико. Некогаш моќната Куба, на овој шампионат заврши на третото место, а патем загуби и еден меч од Мексико. 



Од 1979 до 1998, осум пати по ред Куба беше Пан Американски шампион во ракомет. Во конкуренција со Бразил, Аргентина... денеска губи од САД, Гренланд па дури и од Мексико. 
Што се случи со некогаш најмоќната репрезентација од другата страна на океанот? Како земјата што во последните 20 години четири пати имала најдобар стрелец на СП (Дуранона, Уриос, Карлос Перез и Марзо) не може да застане на нозе? 

Годината 2000 е кобна за кубанскиот ракомет. Не само што беа поразени во финалето на Пан Американските игри од Аргентина (25-26), туку по настапот на ОИ 2000 неколку нивни играчи и селекторот заминаа за Унгарија и станаа унгарски државјани. Ги предводеше Карлос Перез сега легенда на Веспрем, таму Иво Диаз итн. Нивниот пример подоцна го следеа врвни играчи како Хулио Фис, Роландо Уриос
Во тој период буквално запре кубанскиот ракомет. Низ Европа се шпекулираше дека лично Фидел Кастро наредил да не се финансира во овој спорт повеќе. 
Дали било така или не, ситуацијата не се подобри ни по Кастро. Минаа години, а најдобрите кубански ракометари бараа странско државјансто. Рафаел Капоте е свеж пример кој во 2007 по Пан Американските игри побара азил и остана една година во Рио, Бразил пред да замине за Италија. 

Надежта на Куба за враќање на старите патеки оживеа со Хулио Фис кој се врати на островот, селектираше група од 25 млади играчи од кои најниоскиот беше 195 см и требаше да ги спреми за А тимот. Двете ѕвезди од кои многу се очекуваше ги видовме во Македонија. Тоа се Рение Табоада и Куни Моралес. Не играа во квалилфикациите. 

Си земавме малку слобода да си играме селектор на Куба и составивме тим од активни кубански играчи. Веруваме дека оваа екипа е кадарна да биде Топ 10 во светот. 

Голман: Алехандро Ромеро Карерас (Екс Прованс, Франција)
Лево крило: Дариел Гарсија (Бидасоа, Шпанија)
Леви бекови: Рение Табоада (Е. Пелистер) Франкис Карол Марзо (Најдобар стрелец на СП Египет), Рафаел Капоте (Ал Ахли, Ол стар тим на СП 2015), Педро Валдез (Порто, Португалија)
Средни бекови: Родригез Родригез (Спортинг, Португалија)
Десни бекови: Куни Моралес (Вардар),  Анхел Ромеро (Гранољерс, Шпанија), Роландо Алмеида (Спортинг, Португалија)
Десно крило: Адонис Гарсија (Аванка, Португалија)
Пикери: Виктор Итуриза (Порто, Португалија), Алексис Борхес (Бенфика, Португалија. Поранешен играч на Барса, Монпеље и Порто)
Дефанзивец/Л.Бек: Јосанди Риос (195 см/130кг, Трембле, Франција)

Ако не знаевте: Трендот на натурализирање на играчи од од Куба го почна Исланд во 1996 година. Тогаш, првата кубанска ѕвезда Јулијан Дуранона, најдобриот стрелец од СП 1990 пристигна на островот по совет и наговарање на извесен ракометен новинар од Исланд кој му ја понудил оваа опција.
Овој 202 см/115 кг играч со број на патики 51, студиите во Аргентина ги замени со потпис за КА Акуреири (место каде што сега е тренер Стевче Алушовски) за веднаш да добие државјанство и да одигра 61 меч за Исланд. На два од нив беше кобен и за Македонија во квалификации за СП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk