Прва победа на женскиот тим во Оран

Женската медитеранска репрезентација на Македонија ја запиша првата победа.



Женската медитеранска репрезентација на Македонија, тим воглавно составен од кадетски ракометарки кои ќе учествуваат на мундијалот во Македонија по еден месец, одигра нов четврти по ред контролен натпревар во исчекување на официјалниот старт на женскиот турнир на Медитеранските игри.

Македонската репрезентација играше со Алжир и победи 27-25 (14-16).  Триумфот над Алжир со кого веќе одигравме еден пријателски меч, можеме да го сфатиме како подигнување на формата на нашиот состав и очекуваме се подобри партии во продолжение. 

Турнирот за жените почнува на 30 јуни, а првиот противник на Македонија е репрезентацијата на Турција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk