Словенија и Холандија со вајлд карта на СП

ИХФ додели две вајлд карти за СП 2023 што ќе се игра во Полска и Шведска. Никој нема да сака да игра против нив. 



Словенија и Холандија ќе играат на следниот мундијал, иако преку квалификациите не успеаја да обезбедат пласман. Словенија беше елиминирана од Србија во вториот бараж, а Холандија беше елиминирана од Португалија. 
Но, овие две селекции добија вајлд карта, се враќаат на СП, но поради рејтиног ќе бидат сместени во последниот шешир за ждрепката што на 2 јули ќе се одржи во Полска. И двете стануваат потенцијални противници на Македонија и ќе направат две групи да изгледаат опасно лошо. 

Шешир 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1
Шешир 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Ц. Гора, Македонија
Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, С. Арабија, Aфрика 2, Чиле, Aфрика 3
Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Aфрика 5, Иран, Кореја, С: Америка 1, Холандија, Словенија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk