Денеска против Гедбан и домашниот Алжир

Машката медитеранска репрезентациа на Македонија, вечерва од 19:00 часот ќе се сретне со домашниот Алжир предводен од некогашниот голман на Вардар, Калифа Гедбан. 



Медитеранските репрезентации главно се составени од млади играчи и играчи што конкурураат во некои за нив подобри времиња да станат „А“ репрезентативци. Исклучок секогаш се домашните репрезентации кои во принцип играат на резултат и освојување на медал. 

Нашиот следен противник не е исклучок во приказната. Вечерва, Македонија ќе се сретне со сосема поинаков тип на натпревар од вчерашното расклоплување на Грција. 

Алжир има највозрасен тим на турнирот. Нивниот најмлад репрезентативец има полни 25 години. Просекот е околу 29 години. 
Во тимот по тој поглед предничат две нивни ѕвезди, Месуд Беркус (35) поранешен играч на Замалек, а сега на Истр од Франција и Хамза Ремили (35) ракометар што шест пати ја освојувал Африканската Лига на шампиони. 
Ѕвезда број еден би можел да биде Бастиен Кермуш, пивот со француско и алжирско државјанство, ракометар што кариерата ја одигра во Франција во Понто, Дижон, Шербур. 
И другиот пивот, Хишем Кебече, по конституција сличен (192см, 100 кг), а има играно за Нимс и Бешикташ меѓудругите.
Десниот бек се вика Ајуб Абди и од 2016 игра во Франција, во моментов во екипата на Тулуз. 
Централните бекови се Абделкадер Рахим (31) играч кој од 2008 игра во Франција, а во последните пет години е во Данкерк и Мустафа Сарок кој во моментов игра во Ал Вакра во Катар, а претходно играше за Винтертур од Швајцарија. 
Нуредин Хелал е еден од левите бекови, тој има играно за Ал Ахли од Катар, во моментов е во Мадар од С. Арабија. 
Име што секако ќе го препознаете е голманот Калифа Гедбан, поранешен чувар на мрежата и освојувач на ЛШ со екипата на Вардар. 

Алжир во првото коло ја совлада Турција (32-27) на средба што беше израмнета 45 минути, а потоа од 23-21, со серија од 4-0 домашните стигнаа до 27-21 и без тешкотии го приведоа мечот до крајот. 

Алжир вечерва ќе ја има улогата на фаворит и поддршката од полната сала. Какво влијание ќе има тоа на мечот, судиите, нашите играчи ќе видиме. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk