МИ Оран: Ги „средивме“ Грците на старот на МИ

МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА 39-21 (20-13)
Македонија: Кизиќ, Гогов, Џонов 6, Пет. Атанасијевиќ 1, Младеновиќ, Пав. Атанасијевиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 4, Серафимов 7, Јагуриноски, Иваноски, Костески 5, Петковски 3, Стојковиќ 1, Петров 2, Симоноски 2




Македонската медитеранска репрезентација, селекција на играчи од помладите категории со понекој поискусен играч што е кандидат за А тимот во иднина, имаше успешно отворање на игрите. 
Одлична партија одиграа македонските репрезентативци и комплетно го надиграа противникот во секој поглед. 

Наш прв противник беше Грција, екипа што исто со подмладен тим е во Оран и тоа го направи мечот интересен од повеќе гледни точки.

Воведниот дел беше израмнет. Грција влезе поагресивно на мечот и тоа им донесе водство од 4-3, но и црвен картон пред да истече 10- минута. 
Македонија по ова го презема водството, но не успеваше да се одлепи. Нападот беше прилично сигурен, но во одбрана Грците пробиваа, прилично брзо постигнуваа голови, иако за волја на вистината и среќата во неколку наврати им беше наклонета.
Македонија евидентно играше подобар ракомет и прашање на време беше кога ќе ја преземе комплетно контролата врз мечот. 
Тоа се случи во 18 минута, Македонија поведе со 11-10, а во следниот напад пресековме топка по што му беше сервирана контра на Костески кој погоди за 12-10. Противникот избрза и во следниот напад, направи пробивање по што следеше гол за 13-10. 




Потоа профункционира и одбраната, Марко Кизиќ влезе во ритам, нападот си го задржа нивото и предноста почна да расте. 
Македонија имаше водство од 19-11 во последната минута од првиот дел, за потоа набрзина да бидат постигнати тро гола и на одмор да се замине со резултат 20-13. 




Македонската репрезентација комплетно доминираше во вториот дел. Грција веќе не беше опасност, па по 15-тина минути кога „нокаутираниот“ противничкиот селектор побара тајм аут при резултат 32-18, Лазаров веќе правеше комбинации за утрешниот меч со Алжир и прашуваше и одлучуваше кој играч сака/треба да се одмори. 

Доминацијата продолжи до крајот, сите играчи добија шанса и сите се покажаа во добро издание, мотивирани и дисциплинирани до крајот за конечни 39-21. 

Од групата во која игра Македонија денеска играа Алжи и Турција, а победи домашната репрезентација со резултат 32-27.
Во групата „А“, Србија ја совлада Словенија со 31-27, а Египет ја совлада Италија 38-35. 


Македонија утре од 19:00 часот ќе игра против екипата на Алжир. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk