Михајловски најави оставка: Добив нула помош

РК Вардар денеска одржа прес конфренција на која зборуваше менаџерот на клубот Михајло Михајловски. Најави и оставка кога се ќе биде решено. 



„Морам да му се заблагодарам на Сергеј Самсоненко што успеа клубот да го однесе во врвот на Европа. Две шампионски титули и три Фајнал фор турнири, тоа го можат само Барса и Кил. Потоа од причини во кои не сакам да навлегувам замина од клубот.
Играчите беа слободни, администрацијата исто така. Целта беше нешто да значиме, а тоа е да сме меѓу 16 во Европа.
Јас сето ова го направив во договор со владини и градски интитиуции. Ако не беа тие гаранции, немаше да се нафатам, затоа што знам колку можам сам и со моите бизнис соработници да обезбедам. 
Влетавме во многу лошо време, следеше пандемија, економска, енергетска криза, сега и војна во Украина. 
Делумно имам разбирање, но не добивме никаква, добив „нула“ помош. 
Очекував дека луѓето ќе имаат доблест да го спроведат тоа што го ветија, барем во 50%“, изјави Михајловски по што им се заблагодари на спонзорите што го поддржаа клубот во последните две години. 
Ние сме две години прваци во кои конкунренција ни беше една многу сериозна екипа, Еурофарм Пелистер. 
Имав идеја, стабилен Вардар, потпишавме со четири играчи, сето тоа во договор дека оваа екипа за идната сезона ќе беше 20% посилна. Не само поради новите игрчи, туку и поради воиграноста. 

Јас ги имам сите преписки, имав средба со Видерер во Виена, но западњаците поинаку размислуваат. Многу се крути  одлуката е без правна подлога. Јас и на Видерер му кажав дека не може да очекува во рок да се вратат средства од околу 2.5 милиони евра во овакви услови. Прво пандемија, сега војна. Не е едноставно средства од Русија да се изнесуваат. 
На крајот доцнењето го пеглавме со овие причини. Имавме рок и претходно, но јас се извинив и оправдав, а парите ги исплативме. 
Ние немавме ултиматум дека до тој и тој рок мораме да платиме, во спротивно нема да играме. И на крајот кога плативме околу 2.3 милиони излезе дека покрај тие средства има други долгови кон играчи што пријавиле во ЕХФ: 
За мене тоа е „рекла - кажала“, затоа што нема арбитража за тие случаи, нема одлука. 
По се ова што се случи, одржавме состанок со играчите кои во моментов се во Македонија и мораме да размислуваме за иднината. Не сакам да биде како фудбалски клуб или не дај боже како Кометал кој згасна кога излезе Трифун Костовски. 
Сакаме конкурентен тим што ќе се спротивстави на Еурофарм, а ќе играме и СЕХА. Дефинтивно имаме одборение од ЕХФ за играње во СЕХА и во септември ќе играме во СЕХА. 

Сите играчи освен тие што требаше да дојдат ќе останат. Треба да разговарам и само со Дибиров и Томовски тие се на одмор, а таков разговор не се прави по телефон. 

На крај со тешко срце сакав да кажам дека барам некој што ќе ме замени. Јас ќе дадам оставка, но сакам да најдам некој што ќе го води клубот. Сакам прво да расчитам се. Сите играчи со изјави дека им е се подмирено. 
Испратив писмо до многу компании, потенцирав дека се работи за национална гордост. Сакаме клубот да биде на здрави финансиски нозе. Сакам Вардар да нема долгови. 
Дали ќе се формира координативно тело и како и да е. Сакаме да се расчисти со сите играчи, со изјави дека им е се подмирено и Вардар да продолжи во Европа, изјави Михајловски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk