Ракометарките спарингуваа и со Хрватска

ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА   32-23 (13-10)



Женската сениорска репрезентација на Македонија одигра, нов трет контролен натпревар пред почетокот на Медитеранските игри во Алжир.
По дуелите со Тунис и Алжир, македонскиот тим имаше и европски противник, селекцијата на Хрватска. 
Поискусниот хрватски состав победи 31-23 (13-10). 

Македонската репрезентација која во просек нема ниту 18 години (17.7), добро го користи периодот од осум слободни денови пред почетокот на официјалниот дел на игрите. На 30 јуни ќе го игра првиот официјален меч македонската репрезентација во Оран. 
Дотогаш, веруваме дека ќе договори уште некоја контролна средба и ќе ја одржи формата што ќе и биде потребна пред настапот на кадетското СП што на 30 јули почнува во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk