Џомба уште две години во Вардар

Десното крило на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски - Џомба потпиша нов двегодишен договор со екипата на Вардар. 


Гоце Георгиевски (35) десното крило на македонската репрезентација во најтешките времиња за Вардар реши да потпише нов двегодишен договор и ќе биде значаен дел од костурот на новата екипа. 

Георгиeвски во Вардар дојде во 2020 година од редовите на ЧСМ Букурешт каде што играше четири сезони, една мина во Франција во Тулуз, а негов матичен клуб во кој израсна во репрезентативец е Металург каде играше од од 2006 до 2015. 

Вардар се соочува со многу голем предизвик за следната сезона откако ЕХФ не му дозволи да игра во Лигата на шампионите.
Вардар претрпува големи играчки промени, нема да дојдат засилувањата, а заминува и тренерот Дејвис. Сето ова дава дополнителна тежина на потписот на Георгиевски и заслужува да му се оддаде посебен респект од сите вардарови навивачи за одлуката да остане во клубот и македонското првенство. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk