ФОТО: Отворени Медитеранските игри, ракометарите утре на терен

Медитеранските игри, спортска манифестација што се одржува на секои четири години почнувајќи од 1951 вчера официјално ја почнаа 19-та епизода.  Македонија е учесник на овие игри, на кои се натпреваруваат спортсти од во повеќе од 25 дисциплини, а меѓудругите имаме и две ракометни репрезентации.  




Вчера беа официјално отворени игрите, а први на терен од ракометните тимови ќе ги видиме мажите. Нивниот прв натпревар е против Грција со почеток од 20:00 часот. 
Македонија на овие игри настапува со подмладени репрезентации. Тоа особено ќе биде видливо во женска конкуренција каде што просекот е 17.7 години. 
Тоа е пракса помалку-повеќе кај сите особено европските селекции, но и тоа дава поинаков шарм кога на терен се ракометарите што сакаат да го осигураат своето место во националниот тим во иднина. 





Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk