Романија со нов селектор на ЕП во Скопје

Пред дваесетина дена најавивме дека во Романија се подготвува тренерска смена, а на четири дена до истекот на договорот на актуелниот селектор, доаѓа и потврда за објавените информации. 



Договорот на Адриан Василе, актуелниот селектор на женската репрезентација на Романија истекува на 30 јуни. Денеска, романски медиуми потврдуваат дека нема да биде продолжен. 
Новото раководство на романската федерацијата, предводено од Константин Дин, ќе назначи нов селектор на женската селекција. 

Флорентин Пера, тренерот на ЦСКА Москва каде што игра нашата репрезентативка Сара Ристовска е најсериозниот кандидат. Опција е и поранешната ракометарка Маријана Тирка. 

Романија на ЕП 2022 ќе игра во Скопје, а покрај Македонија, ќе се сретне и со Франција и Холандија во првиот дел од шампионатот. Три репрезентации продолжуваат во главната рунда што исто така ќе се игра во Скопје, а ќе вкрсти со трите подобри екипи од квартетот Шпанија, Црна Гора, Германија и Полска кои пак во првиот дел ќе играат во Подгорица. 

Женската репрезентација на Романија нема запишано резултати според желбите на големите натпреварувања. Најголем успех во последните 10 години оствари на СП 2015 кога освои бронзен медал и на ЕП 2018 кога беше полуфиналист (4 место). 

Ако не знаевте: На последното СП и ЕП на кои настапи Романија беше на 12 место. Тоа е за нив разочарувачки пласман затоа што нивното национално првенство е најскапото во Европа. Буџетот на клубовите во нивната Лига се движи до 20 милиони евра по сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk