Седум млади играчи потпишаа за Бутел Скопје

Бутел Скопје потпиша професионални договори со седум млади ракометари. Шест од неговата школа, еден доаѓа од Металург. 



Шест ракометари од школата на Бутел Скопје, а тоа се Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски, потпишаа професионални договори со клубпт на две сезони.
Сите шестмина беа дел од успесите на кадетската и младинската екипа во лигите оваа сезона и ќе го носат дресот на Бутел Скопје и во наредните две сезони.
Еден од поголемите таленти на позицијата лево крило, од Металург, Дамјан Субашевски, исто така реши д ја прифати понудата на Бутел и ќе игра во скопскиот клуб следните две сезони. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk