Вести: Данска одбра „жени“ место „дами“, ново име за Келце...

Данската ракометна федерација во соработка со репрезентативките донесе одлука во иднина репрезентативките да се ословуваат со жени (Handball Women) место со дами (Handball Ladies).  За данските ракометарки зборот „жена“ е помодерен, помладолик и помоќен отколку „дама“. Ќе се користи за сите репрезентации од „А“ тимот до У17 репезентацијата. 




Името на компанијата на Бертус Сервас ќе ја снема од името на клубот Келце следната сезона. Во моментов екипата се нарекува Ломжа Виве Келце, но делот „Виве“ оди во историја, а нов голем спонзор влегува во клубот и ќе го закупи најскапото место за рекламирање. 

ЕХФ го селектираше идеалниот тим од Ф4 на Лигата на шампионите. Место во идеалната седморка од Келн најдоа следниве играчи:
Голман: Перез де Варгас (Барса)
Лево крило: Дилан Нахи (Келце)
Лев бек: Ласмус Лауге (Веспрем)
Среден бек: Игор Карачиќ (Келце)
Десен бек: Дика Мем (Барса)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барса)
Пикер: Патрик Винцек (Кил)


Од исландскиот бек Олафур Гудмундсон не се виде многу во Монпеље, буквално. Најголемиот дел од времето беше вон терен на рехабилитација. 
Со завршувањето на сезоната, заврши и неговиот ангажман во Монпеље и неговата следна дестинација е Швајцарија, ќе игра за екипата на Амичитија Цирих. 

Нов претседател на РК Црвена Звезда ќе биде прославениот пикер Драган Шкрбиќ. Тој професионалната кариера практично и ја почна во Ц. Звезда каде мина пет години, а ја заврши како ракометар на Барселона каде исто така мина пет години и освои една шампионска титула во ЛШ и една од Куп на ЕХФ.

Норвешката легенда Бјарте Мирхол, по одигрувањето на двата меча за Кил на Фајнал фор турнирот во Келн, по втор пат заминува во играчка пензија. 



 

Поврзани вести