Охрид ќе атакува на излез во Европа

Заокружувањето на играчкиот кадар за следната сезона, Охрид го одбележа со прес конференција на која зборуваа за тимот и за амбициите. 



Охрид состави екипа со која следната сезона во Супер лига ќе се обиде да стигне до излез во Европа. Играчите што дојдоа во клубот воглавно имаат двегодишни договори што за цел има без инстантно јуришање по резултат, да му даде стабилност на клубот и следната сезона да има помалку играчки ротации. 

„Управата секогаш има високи амбиции, но не треба да заборавиме дека во лигата играат исклучително квалитетни екипи како Вардар, Еурофарм, Бутел, сите се засилуваат. Особено нашата група е многу силна, тука се Вардар, Бутел, Алкалоид, Струга.
Треба да одиме чекор по чекор, да се воигра екипата, затоа што има многу промени. Се надевам дека ќе играме подобар ракомет, поатрактивен, со повеќе голови, дека ќе ја полниме салата и ќе имаме одлични натпревари уште во регуларниот дел од сезоната преку кои ќе ја вратиме атмосферата во екипата и со поддршка на публиката и нашите навивачи. Затоа не треба да има притисок ни врз мене, ни врз стручниот штаб и играчите, да работиме и да видиме како тоа ќе изгледа на терен. “, изјави старо-новиот тренер на охридскиот клуб, Горан Андоновски.



„Сакам да искажам голема благодарност кон градоначалникот Пецаков како поранешен ракометар и еден од основачите на ГРК Охрид за безрезервната поддршка, од организациски и финансиски аспект. Сакаме како управа пред се да создадеме добра атмосфера во клубот и услови за работа. Договорите со играчите се двогодишни, се надевам дека сите ќе бидат целосно реализиран. Резултатите,  ќе дојдат сами по себе“, изјави членот на управата Славчо Ристески.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk