Манасков се поздрави со Веспрем

Дејан Манасков (29) беше дел од последната епизода на Веспрем за оваа сезона. Збогувањето со навивачите. 



Со освоена шампионска титула, двојна круна во својата прва сезона во Унгарија запишана во резимето, Дејан Манасков денеска го комплетираше својот престој во унгарскиот Веспрем. 

Унгарскиот клуб организираше средба со фановите по враќањето од Келн на кое клубот заврши на четвртото место, а Дејан Манасков не беше дел од составот што играше со Келце и со Кил. 

Од порано познато, македонскиот ракометар нема да остане во Веспрем следната сезона, на неговото место доаѓа Бјарки Мар Елисон од Исланд. Манасков се уште нема потврдено каде ќе игра од септември. 
Романските медиуми во еден момент го преселија во Динамо Букурешт, но брзо стигна демантот. Се спомена и Вардар, исто заврши таа приказна со демант. Се споменуваа(т) и екипи од Германија, но засега без основ за да споменуваме имиња. Наскоро во секој случај ќе дознаеме каде ќе ја продолжи кариерата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk