РФМ побара ЕХФ да ја смени одлуката за Вардар

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска побара од ЕХФ да ја преиспита одлуката за суспензија на Вардар од Лигата на шампионите. 


Ракометната федерација на Македонија ги почитува сите напори и инвестиции во ракометот на национално клупско ниво, особено во време на различни кризи. Секогаш се трудиме да помогнеме на кој било начин на кој што можеме со овозможување на логистика и натамошнo поставување и одржување на ракометот како национален спорт број еден. 


Покрај комуникацијата меѓу Вардар и ЕХФ што се однесува за подмирувањето на долговите од минатото, што е комплетно надвор од нашата ингеренција, ние како национална ракометна федерација, љубезно ве замолуваме да ја преиспитате одлуката за неучество на Вадар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.

Клубот е реномиран ракометен бренд не само во нашата земја туку и општо на регионот на Балканот. Има огромна база на фанови и голем придонес во афирмацијата на македонскиот ракомет. Нема потреба да повторуваме, но во сезоните 2016/17 и 2018/19 ја освои Лигата на шампионите и влијаеше врз многу млади ракометари и доби поддршка од целиот свет.
Се плашиме дека финална одлука за исклучување на Вардар 1961 од Лигата на шампионите ќе има негативно влијание за имиџот на ракометот не само во Македонија туку и многу пошироко, а особено во балканскиот регион. 
Затоа, уште еднаш, љубезно во замолуваме да го земете ова во предвид пред да ја донесета конечната одлука“, се вели во реакцијата на РФМ до Виена. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk