Двајца Црногорци во Охрид

Десното крило Балша Цејовиќ црногорски ракометар што последно настапуваше за Диомидис од Грција и централниот бек Владан Кастратовиќ кој играше минатата сезона во екипата на Струга се двете засега последни засилувања за екипата на Охрид. 



Владан Кастратовиќ, лани стружанец следната сезона охриѓанец е последното засега засилување за екипата на Охрид. Со добрите партии во дресот на струшкиот тим го привлече вниманието и доби понуда по која ќе се пресели петнаесетина километри подалеку. 

Клубот од езерото на крајот на сезоната направи драстични промени во тимот желен за поинаков состав игра и следствено резултати. Заминаа тренерот и 11 ракометари, а многу брзо новата управа состави нова екипа за која повеќе ќе кажат денеска на прес конфренција што е закажана на пладне. 


„Мило ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб. Охрид има потенцијал со многу работа да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи" - изјави Кастратовиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk