Кој е најдобриот стрелец на „Ф4“ Келн?

Келн е посебно поглавје во Лигата на шампионите. Секоја статистика врзана со ЛШ, може да си направи подгрупа во која Келн ќе биде посебно одвоен. Кога веќе е така, дали знаете кој е најдобриот стрелец од Ланскес Арената?




Не е еден туку се двајца на првото место на листата на стрелци во Келн. 
Кирил Лазаров кариерата ја заврши со рекорд што ќе трае најмалку уште една година. Македонскиот ас има постигнато 68 гола во „Ланксес Арена“ на седум натпревари. 
Исто толку голови од исто толку натпревари има постигнато и Микел Хансен. 
И двајцата нема да играат на годинешниот Ф4. Впрочем, на Топ 10 листата, нема ниту еден играч што викендов ќе игра во Келн. 

Најблиску до Лазаров и Хансен од играчите што ќе играат викендов на „Ф4“ се Никлас Екберг од Кил и Лука Циндриќ од Барса. Двајцата досега имаат постигнато по 41 гол. 

Топ 10
1. Кирил Лазаров Македонија  68 гола (14 натпревари)
1. Микел Хансен Данска   68 (14)
3. Арон Палмарсон Исланд   59 (19)
4. Момир Илиќ Србија  58 (16)
5. Филип Јиха Чешка  56 (12)
6. Ласло Наѓ Унгарија  53 (14)
7. Иван Чупиќ   Хрватска 49 (14)
8. Сергеј Рутенка  Белорусија 47 (10)
9. Виктор Томас  Шпанија  47 (14)
10. Хуанин Гарсија  44 (8)



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk