Татран ќе игра во Чешка, но не и во СЕХА

Шампионот на Словачка, клубот Татран Прешов повлекува големи, радикални потези летово и со нова филозофија ќе ја чека следната сезона. 



Шампионот на Словачка и единствениот клуб од оваа земја вреден за какво-такво внимание, Татран Прешов, следната сезона паралелно со домашниот ќе се натпреварува и во шампионатот на Чешка. 

Нивниот претседател, односно сопственик, Мирослав Хмелар изјави дека мораат да играат во два шампионата за да задржат квалитет, откако СЕХА веќе нема иднина. Поконкретно кажано, тие сметаат дека СЕХА веќе нема иднина. Дали ќе останат и во трет шампионат како СЕХА доколку таму нешто големо се смени и лигата профункционира - ќе видиме.  

Татран Прешов порано редовен учесник во ЛШ, откако го загуби статусот во елитата, сезонава нема да се натпреварува ниту во втор ранг - Европска лига. Ќе се пријават во ЕХФ Куп со цел да го освојат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk