Мартин Манасков се договори со Бутел Скопје

Бутел Скопје доведе во своите редови уште еден играч кој лани настапуваше за Охрид. Доаѓа добро познато име - Мартин Манасков. 



Мартин Манасков, левиот бек на Охрид следната сезона ќе го носи дресот на Бутел Скопје. Оваа скопска екипа беше поконкретна во преговорите и договори потпис за една година со можност за нејзино продолжување за уште една. 


„Среќен сум што потпишав за Бутел Скопје, тоа е клуб со високи амбиции и лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона, вели Манасков.

Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски, како и со тренерот Кристијан Грчевски, а покрај Манасков, нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk