ТРАНСФЕРИ: Бабиќ на шопинг, Агинагалде уште ќе игра...




Легендарниот шпански пивот Хулен Агинагалде (39) потпиша нов едногодишен договор со екипата на Бидасоа за која игра откако замина од полскиот Келце. 
Според најавите, следната сезона ќе биде последната во кариерата на Агинагалде во која има злато од СП, ЕП, ЛШ... Следниот чекор ќе биде спортски менаџмент. 

Уште една шпанска легенда, голманот Мануел Сиера означи крај на кариерата. Поранешниот голман на Барселона, Сиудад Реал, Париз, Пик Сегед има 44 години и последната сезона играше во Бидасоа. 

Левиот бек на хрватската репрезентација, Иван Слишковиќ ја напушта Бенфика и се враќа во Бундес лигата. Неговиот нов клуб е Штутгарт, екипа во која довчера играше и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. Претходно, Слишковиќ има играно за Гепинген. 

Жељко Бабиќ го доби првото засилување за следната сезона откако стана тренер на Подравка. Шопингот беше во Загреб, кај најголемиот ривал, Локомотива. Репрезентативката Андреа Шимара е новиот член на Подравка и вкупно петта ракометарка на Локомотива што преоѓа во овој клуб во последните две сезони. 

Самолепливите топки произведени од јапонскиот Молтен нема да бидат задолжителни за федерациите за домашните шампионати. Дел од нив имаат и договори со европскиот снабдувач Селект и во прв момент нема да биде можно. 
Натпреварите на ИХФ (СП, ОИ, Супер Глоуб) сеедно, ќе се играат со топки за кои не треба лепак, а играчите што порано ќе се навикнат на оваа промена ќе имаат „невидлива“ предност пред ривалите. Репрезентациите на Египет на пример, веќе работат со новите топки. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk