Се приклучи Лазаров, репрезентацијата комплетна

Три дена откако го одигра својот последен натпревар во кариерата, Кирил Лазаров одново е во сала. Овој пат без капитенска и играчка улога, единствено како селектор на машката сениорска репрезентација. 



Селекторот на машката репрезентација Кирил Лазаров се приклучи на подготовките на тимот што ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри во Оран, Алжир. 
Македонија на овој турнир ќе настапи со млад состав, впрочем како и сите други, а селекторот ќе има можност да почне подготовка на тимот за СП 2023. Конечниот список на патници не е објавен, од сегашните, доколку се е во ред веројатно ќе отпаднат уште три - четири ракометари. 

Македонските тимови и во машка и во женска конкуренција за Алжир ќе патуваат на 22 јуни, а ракометниот турнир на Медитеранските игри стартува четири дена подоцна. Машката репрезентација е во група со Грција, Шпанија, Алжир и Турција.

Ова е првата летна акција на македонската машка репрезентција, до крајот на летото има уште две. Јуниорите ќе одат на ЕХФ Шампионат во Варна од каде што имаат шанса да обезбедат квалификации за M21 СП Германија/Грција 2023, а кадетите ќе одат во Летонија од каде што ќе можат да обезбедат пласман во повисок ранг, на ЕХФ Еуро и следствено на следниот кадетски мундијал. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk