Топ стрелци во Бунде лига: Како котираат нашите играчи

Ханс Линдберг постигна 242 гола сезонава во Бундес лигата и по трет пат во својата кариера стана најдобаер стрелец во елитното германско првенство.



Ханс Линдберг стана само петтиот ракометар кој успеал најалку три пати да биде топ стрелец во Бундес лигата, а со 42 години на ова остварување додаде и најстар најдобар стрелец во Бундес лигата. 
Зад него на првите пет позиции се двајца Исланѓани и по еден Данец и Швеѓанец што е некој показател за тоа кои го води орото во најсилната светска лига.

Македонските ракометари не котираат многу добро статистички гледано. Немаме играч во Топ 50. Филип Кузмановски има 94 гола и е на 56 место, Пешевски е на 83 позиција. Миркуловски е далеку назад, но тој сезонава повеќе беше тренер отколку играч. 
Новото засилување на Вардар не е во Топ 100 во Бундес лигата. Со 57 постигнати гола, Нејц Цехте е на 128 позиција на листата на стрелци. 

Гледајќи од поубавата страна, Филип Кузмановски е пред играчи како Магнус Сугструп, Емил Јакобсен, Михаел Дамгард, Фабијан Виде... Жарко Пешевски има подобро голгетерско остварување од Филип Вебер, Милош Вујовиќ, Штефан Вајнхолд итн. 


ТОП 5 СТРЕЛЦИ
1. Ханс Линдберг (Данска, Берлин) - 242
2. Омар Инги Магнусон (Исланд, Магдебург) - 237
3. Бјарки Мар Елисон (Исланд, Лемго) - 234
4. Каспер Мортенсен (Данска, Хамбург) - 206
5. Никлас Екберг (Шведска, Кил) - 189
----
56. Филип Кузмановски (Хановер, Македонија) - 94
83. Жарко Пешевски (Штутгарт, Македонија) - 80
128. Нејц Цехте (Хановер, Словенија) - 57
230. Филип Миркуловски (Вецлар, Македонија) - 15*
Филип Миркуловски сезонава беше во двојна улога, асистент тренер и играч и мина многу помалку минути во игра. 

ТОП 5 ГОЛМАНИ
1. Дејан Милосављев (Берлин, Србија) - 368 одб - 22.08%
2. Малте Семич (Минден, Германија) - 330 - 22.34%
3. Кевин Мелер (Флензбург, Данска) - 318 - 17.15 %
4. Никлас Ландин (Кил, Данска) - 313 - 24.69 %
5. Јоханес Битер (Хамбург, Германија) - 299 - 18.60%
----
18. Урбан Лесјак* (Хановер, Словенија) - 173 - 18.18%
Урбан Лесјак следната сезона ќе брани во екипата на Е. Пелистер


Ако не знаевте: Најдобар стрелец во една сезона во Бундес лигата е Кореецот Кјун Шин Јон. Сезоната 2000/01 корејскиот десен бек постигна 324 гола. На второто место на оваа листа е Данецот Ларс Кристијансен со 289 гола. 
Најмногу пехари за најобар стрелец има исто така Кјун Шин Јон. Кореецот седум пати бил најдобар стрелец во Бундес лигата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk