Комплекс Тоалети Хасан Мустафа

По налог на претседтелот на клубот Замалек, Мортада Мансур, тоалетите во клупските простории на Замалек беа украсени со банер „Комплекс Тоалети Хасан Мустафа“. 



Замалек има низа замерки кон претседтелот на ИХФ, Хасан Мустафа, а кулминацијата беше пред една недела кога толетите во клупските простории на Замалек беа наречени Комплекс Хасан Мустафа. 
Оттогаш низа реакции, притисоци кон Мортада Мансур да го отстрани банерот, па се до реакција на Египетската ракометна федерација со цел заштита на Хасан Мустафа испратена до клубот, олимпискиот комититет, министерството за спорт на Египет, премиерот итн. 

Претседателот на Замалек, пак, одржа прес конференција на која изјави дека името Хасан Мустафа не се однесува на претседателот на ИХФ и дека тој не е поврзан со банерот како што е наведено во реакцијата на Федерацијата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk