Не ни симболика... Неaгу казнета со 200 евра

Романската федерација ѝ изрече казна на Кристина Негу поради тендензициозните постови на нејзиниот ФБ профил. 



ЧСМ Букурешт ја загуби шампионската титула во Романија, а нивната најдобра ракометарка, Кристин Неагу не издржа, па својата верзија за првенството ја „раскажа“ на својот ФБ.

Неагу обвинуваше за играта на другите екипи, осовено за Залау каде што тренер е нејзинот лут непријател Георге Тадичи, за судењето итн, веројатно за односот на Влчеа
„За едните давате живот, за другите ве заболе га..т“ парафразиме дел од постот на четирикратниот ИХФ играч на годината. 

Романската федерација, нивното ново раководство реагираше на овие постови и ја казни парично. Казната не ни симболична, само 1.000 леи или околу 200 евра ќе мора да плати Неагу. 


Ако не знаевте: Кристина Неагу е најскапата светска ракометарка. Неофицијално, нејзината нето плата во 2019 изнесуваше 22.000 евра, но за нов договор бараше 30.000 евра месечно. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk