Охрид доведе српски пивот

По шокот на крајот на сезоната кога клубот во еден ден се раздели со дури 11 ракометари, полека се стабилизираат работите во Охрид и клубот почнува да добиве лик.



Од Охрид секојдневно пристигнуваат информации за нови ракометари, а денешниот ден е резервиран за Владимир Бојановиќ, српски интернационалец што игра на позицијата пивот. 

Владимир Бојаниќ има 28 години, 204cm висок и 120kg тежок. Има интересена кариера зад себе и е теба да биде вистинско засилување за сино-белиот тим.
Доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk