Алкалоид е нов младински шампион

Алкалоид е новиот македонски државен првак во младинска конкуренција. Во финалето на „Ф4“ турнирот, Алкалоид го совлада тимот на Бутел Скопје (23-22). Третото место го освои Еурофарм Пелистер по победата над Прилеп (25-19).



Алкалоид и Бутел Скопје се екипите што годинава најдобро работеа со младинските категории. Овие два клуба играа во финалето на кадетскиот и финалето на младинскиот шампионат. Ги поделија и пехарите. 
Вчера Алкалоид му се реваншираше на Бутел и во неизвесно финале стигна до својот прв шампионски пехар.




Стартот на натпреварот го одреди текот на финалето. Алкалоид поведе 4-0, имаше во овој период и напад(и) за поголемо и покомотно водство, но не ги искористи, а Бутел Скопје се врати во игра. Израмни домашниот состав на 7-7, во еден момент и поведе 9-8, но во последните 10 минути од првиот дел Алкалоид ја врати предноста и на одмор се замина со резултат 12-10.




Во второто полувреме, Алкалоид ја одржуваше предноста, во финишот имаше напад за плус три што не успеа да го реализира, па Бутел Скопје намали на само гол разлика. 
Алкалоид не го реализираше ниту последниот напад при водство од 23-22, па на Бутел му останаа дваесетина секунди за напад за реми. Не успеаја да направат добар напад, ја загубија топката, па Алкалоид ја зачува до крајот и славеше победа и прв шампионски пехар за клубот во младинската конкуренција. 

Марко Митев, играчот на Бутел Скопје беше прогласен за МВП, а голманот на Алакоид, Ѓорги Ерманоски за најдобар голман на турнирот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk