Пехар за Митков, разделба со Костески

Влатко Митков со 11 гола и Никола Костески (2) го водеа Холабрун до победа над Тирол од 31-23 и тоа беше доволно за на мини табелата за имаат само еден гол плус во однос на Корнебург и да станат прваци на Челинџ. 


Холабрун, австрискиот тим што се натпреварува во втора по ранг лига, имаше успешна сезона во која го освои првото место. Во овој клуб играа(т) двајца македонски интернационалци. 
Влатко Митков и Никола Костески. Митков е капитен на тимот и човекот што го крена шампионскиот пехар во Челинџ лигата.
Тој паралелно развива и тренерска кариера и останува во Австрија, додека Никола Костески оди кон поголем предизвик, ќе биде дел од чешкиот Плзењ следната сезона. 



Ако не знаевте: Во Австрија годинава нема испаѓање ниту промоција во повисок ранг, па Холабрун и следната сезона ќе биде во Челинџ лигата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk