Њокаси на печалба во Бахреин

Првата станица за Оливие и Кевин Њокас по заминувањето од Скопје, ќе биде во Бахреин. 



Оливие и Кевин Њокас се претставенни како нови играчи во екипата на Ал Најма од Бахреин. Французите се оценети како големи засилувања за двата претстојни турнири. Првиот, Заливскиот Куп почнува денеска и ќе се игра до 12 јуни, а се одржува во Кувајт. 
Вториот турнир е Азискиот шампионат што ќе се одржи во Индија, а почнува на 22 јуни. Тој турнир е квалификациски за настап на Супер глоуб. 

За Оливие Њокас се шпекулира дека сезоната по ова ќе ја продолжи во Олимпијакос, додека Кевин би можел во Ц. Звезда, но тоа се непотврдени информации. 


Ако не знаевте: Ал Најма беше сериозно заинтересирана за уште еден играч на Вардар. Арапски ракометни медиуми дури и објавија дека се договорила за позајмица со Вардар и дека Куни Моралес ќе биде нивни играч за претстојните два турнира. Но, информацијата засега нема официјална потврда, а со доаѓањето на Кевин Њокас, се намалуваат шансите да се реализира. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk