Охрид го врати дефанзивецот Андоновски

Охрид продолжува со градењето на својот нов тим. Денеска објавија потпис со нов ракометар. 


Охрид денеска објави дека е постигнат договор со Даниел Андоновски, охридски ракометар дел од нивната младинска селекција што своевремено (2019) играше финале на младински Ф4. 
Тој доаѓа од редовите на Прилеп каде што играше последно. Се работи за играч со кој Охрид првенствено ја зацврствува одбраната, затоа што левиот бек е познат како играч кому дефанзивата му е посилната страна. 

Охрид вчера го промовираше и Тоше Ончев, претходнос е договори со Крсте Андоновски и Иван Тасески... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk