Како изгледаат шеширите за Супер лига 2022/23

Следната сезона машката Супер лига ќе се игра со изменет систем. Ќе учествуваат 16 екипи што ќе бидат поделени во две групи по осум.




Шеснаесетте екипи што ќе учествуваат во Супер лигата следната сезона ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи. Најдобрите четири од секоја група продолжуваат во битка за шампионска титула и излез во Европа, другите осум во битка за опстанок. 

За одредување на групите за следната сезона ќе бидат формирани осум шешири во кои ќе има по две екипи. Потоа со ждрепка ќе се одреди која екипа во која група ќе игра.
Во исчекување на епилогот од бараж дуелот меѓу Скопје и Аеродром, можни се две сценарија за тоа како ќе изгледаат шеширите за следната сезона во Супер лигата/ 

Ако во баражот победи Скопје
1. Шешир: Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер
2. Шешир: Бутел Скопје и Еурфарм Пелистер 2
3. Шешир: ГРК Тиквеш и Охрид
4. Шешир: Пролет и Прилеп
5. Шешир: Струга и Радовиш
6. Шешир: Скопје и Алкалоид
7. Шешир: Голден Арт и Јуниор К. Вода
8. Шешир: Вардар (Н) и Куманово

Ако во баражот победи Аеродром
1. Шешир: Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер

2. Шешир: Бутел Скопје и Еурфарм Пелистер 2
3. Шешир: ГРК Тиквеш и Охрид
4. Шешир: Пролет и Прилеп
5. Шешир: Струга и Радовиш
6. Шешир: Алкалоид и Голден Арт
7. Шешир: Јуниор К. Вода и Вардар (Н)
8. Шешир: Куманово и Аеродром


Ако не знаевте: Следната сезона Првата лига е предвидено да биде единствена доколку бројот на пријавени екипи биде до 14. Ако има повеќе пријавени клубови, тогаш ќе бидат формирани две групи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk