Голден Арт го задржа капитенот

Екипата на Голден Арт потпиша нов договор со капитенот и ќе го задржи уште најмалку две сезони. 


Глигор Гајиќ (22), поранешен играч на Струга, Металург и од 2020 на Голден Арт ја продолжи верноста со клубот за нови две сезони и ќе го води тимот кој обезбеди враќање во Супер лигата најмалку до јуни 2024 година. 

Голден Арт со право е задоволен од постигнатиот договор, затоа што 22 годишниот Глигор Гајиќ, е еден од најдобрите млади македонски ракометари, а има и репрезентативно педигре, настапуваше за кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. 

„Задоволен сум што ја остваривме целта и експресно се вративме во супер лигата, чест ми е што ја продолжуваме соработката со клуб кој премногу вложува во македонските играчи и придонесува за развојот на ракометот во Македонија. Гледам само позитивно и оптимистички за иднината на клубот во супер лигата, ќе работиме напорно, професионално и заедно чекориме кон нови успеси во супер лигата“ , изјави Гајиќ за клупскиот профил.


Ако не знаевте: За Глигор Гајиќ е поврзан еден ракометен куриозитет каков што ретко се гледа. Пред неколку сезони, поточно во 2018 година, во рамки на два дена играше за три клуба. Настапи за Металург 2 во домашната Супер лига, следниот ден играше за тогаш проволигашката Струга со која имаше двојна регистрација, а истата вечер беше во ростерот на првиот тим на Металург на меч од СЕХА лигата со Целје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk