Куманово во Супер лига, Аеродром во бараж

КУМАНОВО - ВАРДАР НЕГОТИНО 27-22 (17-8)



Екипата на Куманово е нов суперлигаш, а екипата на Аеродром ќе игра бараж со последниот од Супер лигата за последното место во најсилната конкуренција. 
Куманово денеска го совлада тимот на Вардар Неготино, уште еден нов суперлигаш и со вкупно 31 освоен бод стана недостижен за ривалот од скопски Аеродром. 

Кумановци денеска по секоја цена мораа да го совладаат Вардар Неготино. Фуриозно почнаа и поведоа 9-1 и уште тогаш ги расчистија сите дилеми. Цели девет гола разлика имаа на полувреме (17-8), водеа и 19-10, а потоа - застанаа. 
Вардар сериозно се доближи (16-20, 19-22), но не дозволија домашните комплетен пресврт и успеаја да победат и да обезбедат директен пласман во Супер лигата.

Ако не знаевте: Екипата на Куманово е првиот освојувач на Куп на Македонија. Во 1993 година, тогаш под име Шевро Куманово беа подобри од Металург во финалето на Купот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk