Митревски шампион со Порто

Никола Митревски во своето резиме додаде уште еден шампионски пехар. На едно коло до крајот, Порто и математички е нов првак на Португалија. 



Никола Митревски слави нова шампионска титула со Порто и пласман во Лигата на шампионите. На едно коло до крајот, Порто има пет бода предност пред Бенфика и веќе и теоретски е прв во лигата. Никола Митревски сега има пт португалски трофеи. Две шампионски титули со Порто, двапати бил победник на Куп со Порто и еднаш победник на Куп со Бенфика. 

Ако не знаевте: Иако има 23 шампионски пехари во Португалија, Порто прв пат се пласираше во групната фаза на Лигата на шампионите пред само седум сезони.
Цели 20 години Порто не успеаваше да ги мине квалификациите и дури во сезоната 2013/14 прв пат запиша настап во групната фаза. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk