ВИДЕО: Шведска доби шампион по шут-аут (пенали)

Екипата на Истад е новиот шампион на Шведска. Тие во финалето на нивниот Плеј оф со 3-1 во серијата го совладаа тимот на Ховде.
Последниот меч беше решен на пенали, односно шут-аут. 



Резултатот на последниот меч во Шведска е 47-46, а добиен е по две продолженија и пенали. Во Шведска веќе не се шутираат класични седмерци во вакви ситуации, туку е воведен шут аут (погледнете го видеото).
Шут аут во ракометот беше воведен како казнен шут во ракомет на плажа. Швеѓаните, пак, решија малку да ја „облагородат“ играта и го воведоа и во домашниот шампионат. 
За Истад од е прв пехар по точно 30 години. Тие досега двапати биле прваци (1976 и 1992). Нивниот ривал, Ховде, нема пеха, а по четврти пат губи во финалето. 



 

Ако не знаевте: За екипата на Истад настапува легендарниот шведски ракометар Ким Андерсон (39), освојувач на ЛШ со Кил. Ким Андерсон во Истад дојде во 2015 година од пропаднатиот проект Копенхаген. Една година подоцна доби понуда од ПСЖ, но Истад не сакаше да го ослободи и тој остана таму. На последниот меч постигна три гола. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk