Пешевски потпиша за Е. Пелистер

Битолски Е. Пелистер, денеска ја потврди информацијата дека македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски е нивни играч. 


Еурофарм Пелистер добива големо засилување. Македонскиот репрезентативен пикер Жарко Пешевски ја прекинува интернационалната кариера и се враќа во домашниот шампионат.
Некогашниот играч на Металург, Мотор Запорожје и сега на Штутгарт ќе го засили нападот на битолчани и со сигурност ќе им прави големи пролеми на сите дефанзивни линии со кои ќе се соочат битолчани. 

За Е. Пелистер е од големо значење доаѓањето на врвен македонски играч поради лимитот со странци, особено за дуелите со Вардар, иако и следната година ќе има доволно играчи што доаѓаат од другата страна на границата.

31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година.

Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23. Претходно Е. Пелистер се договори со Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Димитри Василев.

Да ве потсетиме: Следната сезона во македонското првенство ќе смеат да играат по осум странски играчи. Тројца од нив се по слободен избор, другите пет мораат да бидат репрезентативци на државите од каде што доаѓаат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk