ЕХФ ќе има вајлд карти за делење во ЛШ

Сезоните во повеќето европски држави се или завршени или е одговорено прашањето за тоа кој ќе биде шампион. Според рејтингот објавен уште во 2021 година, можеме да составиме како ќе изгледа ЛШ следната сезона. 



Европската ракометна федерација ќе се најде во позиција да може и мора да додели повеќе вајлд карти отколку што ќе беше потребно доколку во Украина не се водеше војна. 
Шампионатите се речиси завршени или прашањето на шампион е одлучено во 80% од првенствата. Според рејтингот на државите по кој се одредуваат која земја колку претставници ќе има во Европа можеме да го одредиме ликот на Лигата на шампионите за следната сезона. 

1. Магдебург (Германија)
2. Барса (Шпанија)
3. ПСЖ (Франција)
4. Веспрем/Сегед  (Унгарија) - ФИНАЛЕ
5. (Данска) Во полифиналето Алборг води 1-0 против Бјерингбро, а ГОГ води 1-0 против Скјерн
6. Вардар (Македонија)
7. Келце (Полска)
8. Порто (Португалија)
9. Динамо Букурешт
10. Кил (Германија 2) - На три кола до крајот Кил има два бода повеќе од Берлин
--------ВАЈЛД КАРТИ--------
11. Франција 2 (Нант/Екс Прованс)
12. Унгарија 2 (Веспрем/Сегед)
13. ППД Загреб (Хрватска)
14. Целје (Словенија)
15. Белорусија
16. Истад/Ховде (Шведска) - Истад води 2-1 во серијата до три победи
17. Украина
18. Кадетен/Винтертур (Швајцарија) - ФИНАЛЕ
19. Русија
20.  Елверум/Арендал (Норвешка) - ФИНАЛЕ
21. Татран Прешов (Словачка)

Тековнава сезона во ЛШ не играа екипи од Словенија, Швајцарија и Словачка. Директното место го загуби и Хрватска. По две еипи имаа Германија, Франција и Унгарија. 

Ако не знаевте: Сезонава што е пред нас (2022/23) е последната во која за ранкингот на Македонија се броеја и бодовите освоени од Вардар од времето кога беше европски шампион, односно од сезоната 2018-2019. Во ранкингот за следната, сезоната 2023/24 ќе се бројат резултатите од сезоните 2019-20 до 2021-22. Македонија ќе дојде до работ, можеби и ќе загуби директно место во ЛШ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk