Вардар се поздрави со Њокаси, Диало, Тото...

Вардар и Тиквеш во моментов го играат првиот меч од последното коло во Супер лигата. Пред почетокот на натпреварот, Вардар се поздрави со неколку играчи.


Пред почетокот на последниот меч од сезоната,. Вардар им се заблагодари на следниве ракометари:
Патрик Валчак, Жереми Тото, Стефан Додиќ, Оливие Њокас, Кевин Њокас и Бакари Диало. Овие играчи заминуваат, најверојатно заминува и пикерот Костадин Петров кој беше дојден на позајмица од Металург. 
Најавени нови играчи се Жилберто Дуарте, Божо Ангелиќ, Павел Андреев и Нејц Цехте. 


Денеска пред почетокот на натпреварот „благодарница“ доби и ракометарот на Тиквеш, Јане Јанчев, еден од главните играчи на кавадаречкиот клуб.  Тој ја заврши кариерата. Неофицијално, заминува од Македонија, среќата ќе си ја бара во Германија. 

Ако не знаевте: Од сите играчи што заминуваат од Вардар,  единствено браќата Оливие и Кевин Њокас засега немаат најдено нов клуб. Патрик Валчак оди во Спортинг Лисабон, Стефан Додиќ оди во полскиот шампион Келце од каде ќе биде позајмен, Жереми Тото во Нант, а Бакари Диало најверојатно во Тулуз.


фото: Денис Дуковски/ rkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk