Настрадаа лигаментите на Миндегиа

Шпанскиот плејмејкер на Висла Плоцк, Нико Миндегиа ги доби лошите вести. 


Кон средината на второто полувреме од дуелот за титула со Келце, кога веќе имаше три црвени картони во своите редови (Терзиќ, Крајевски и Шушња), Висла Плоцк остана и без четврти играч, плејмејкерот Нико Миндегиа. 
Тој во еден обид да исфинтира пред противничката одбрана, без контакт со противник, остана да лежи на теренот. Од снимката јасно се виде дека коленото настрада, а сега за Шпанецот стигнаа и лошите вести. 
Настрадаа предните вкрстени лигаменти. Таква повреда вообичаено за ракометарите значи операција и пауза од околу шест месеци. Миндегиа го пропушта „Ф4“ во Европската лига и цела есенска сезона 2022/23. 


Ако не знаевте: Веднаш по завршувањето на мечот на кој ги скина лигаментите на коленото, Нико Миндегиа беше прогласен за најдобар централен бек на сезоната во Полска. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk