Неготино слави Супер лига

ВАРДАР (Н) - АЕРОДРОМ   25-22 (11-10)



Вардар Неготино е новиот суперлигаш, а градот по 20 години добива клуб што ќе се натпреварува во најсилната лиха. Неготинскиот клуб денеска го совлада Аеродром и обезбеди директен пласман во најсилниот шампионат следната сезона. 
Средбата беше тврда и израмнета, а клучен период беше од 45 до 50 минута кога неготинскиот тим од 15-14 стигна со 19-14. 
Аеродром се врати на минус два, (17-19), но Вардар го издржа налетот, постигна гол, украде топка, поведе 21-17 и тука беа решени дилемите.
Аеродромци се бореа до крајот на неготинскиот тим ја задржа контролата и победи конечни 25-22. 

Во последното коло, Вардар ќе гостува кај Куманово и доколку победи, Аеродром ќе оди директно во Супер лига. Ако победи Куманово, тогаш, Аеродром ќе игра бараж. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk