СУПЕР ЛИГА: Тиквеш кон Европа, Скопје пред бараж

Еурофарм Пелистер беше коректен кон ривалите во Супер лигата, конкретно кон Тиквеш и вечерва професионално си ја одработи работата против локалниот битолски ривал или братски клуб. 



Е. Пелистер го совлада Е. Пелистер 2, (30-27, 15-10) на натпревар на кој доколку победеше „двојката“, ќе имаше обезбеден излез во Европа. Вице-првакот, сепак, на висина на задачата, си одработе како што налагаат спортските норми.
Најголемиот ривал на „двојката“, екипата на Тиквеш, пак, победи на мечот со Охрид. Тренерот Горан Андоноски запиша уште еден триуф над клубот од каде потекнува и каде што (каде и да е) ќе се врати. 
Тиквеш славеше 28-22 и изби на четвртото место на табелата со бод повеќе од Е. Пелистер 2. 

Но, трката не е завршена. Тиквеш има само бод повеќе од битолчани, а во последното коло гостува кај Вардар и тука немаме многу дилеми кој ќе победи. 
Еурофарм Пелистер 2, пак, гостува кај Охрид и доколку победи, ќе си обезбеди излез и квалификации во Европската лига. 

Паралелно со Плеј оф, се играат и Плеј аут натпреварите. Таму викендов беше битката за опстанок во која Радовиш му гостуваше на Скопје. Победија радовишани на овој натпревар и доколку во последното коло двата тима загубат или пак победат, Радовиш ќе обезбеди директен пласман, а Скопје ќе игра бараж против шестопласираната екипа во Прва лига. Таму во моментов е мешаница, па тоа може да биде Вардар Неготино, Куманово или Аеродром. 
Радовиш во последното коло игра дома со Прилеп, а Скопје му гостува на непоразениот Т. Пролет. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk