Матијас Закирсон, доскорешен репрезентативец на Шведска, а сега асистент тренер во Гиф, е суспендиран до крајот на 2022.
На Матијас Закирсон не му биле многу јасни правилата околу обложување, што смее, а што не смее. Ниту се потрудил да дознае. Ракометарот што има над 170 настапи за Шведска во моментов е асистент тренер на Гиф и се обложил на својот тим.
Закирсон не видел причина зошто не, затоа што се обложил на
победа на својот тим.
„Да било поинаку, да биле во прашање картони или пораз, тогаш да. Но, не видел ништо лошо или спорно во тоа да се обложи на победа на својот тим“. Вака некако е објаснувањето или оправдувањето на Закирсон.
Прописите, пак, колку и да му се нелогично на Закирсон, велат дека е забрането да се обложува на тим во кој и самиот е учесник.
За Шведската ракометна федерација е јасно, па Закирсон доби суспензија до 31.12.2022.